сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Монструозно е кога луѓе умираат, власта да набавува вакцини по двојно повисока цена

Јакимовски: Монструозно е кога луѓе умираат, власта да набавува вакцини по двојно повисока цена

Стевче Јакимовски, лидерот на Гром во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за целиот случај поврзан со набавката на вакцини каде власта преку фантом фирми преговарала вакцини за дупло повисока цена и посочи дека ако сето ова е точно, кој и да го направил ова мала ќе биде казната.

-Ако ова е точно дека тие сакале да печалат од вакцините и ставиле дупла цена на вакцините јас не знам каде ќе им оди душата. Постои ли таков монструм кога луѓе умираат, кога семејства се зацрнуваат вие во ваква ситуација да гледате да заработите. За ова секоја казна ќе биде мала, дури и да е со смртна казна ќе биде мала. Ова што и како било ова еден ден ќе се открие што и како било. Но пак ќе кажам ако е вистина не знам каде ќе им оди душата. Ова мислам дека е испод секоја критика, испод секој разговор, не постојат зборови со кој може да се опише приземноста на таквите страсти и дали воопшто може да постои човек кој може тоа да си го замисли, а уште да биде и во високите кругови на државата. Ова е монструозно, рече тој.

Според Јакимовски неспобноста на власта да се справи со ковид криза ја плаќаа граѓаните со нивните човечки животи.

-Сега ни е јасно зошто не набавија респиратори затоа што немале пари. Сега ние е јасно зошто немаше заштитни ракавици, маски,скафандери. Сега кога ќе соберете народот само за тестови платил 10 милиони евра, а целата ковид криза од страна на државата е платена 7 милиони. Но колку народот за маски платил, колку средства за хигиена сами луѓе купуваа,колку луѓе се лекува во приватни болници. Од ова може да се види дека е направена огромна штета, и тоа е платено со човечки жртви, таа нивна неспобност, неодговорност е платена со човечки животи, додаде тој.

Најнови вести