среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Владата намерно создава политички тензии за пописот за да се прикрие корупцијата и сиромаштијата

Јакимовски: Владата намерно создава политички тензии за пописот за да се прикрие корупцијата и сиромаштијата

Мислам дека нема да се откаже пописот. Не верувам дека власта ќе се повлече и ќе има промени во врска со пописот. Краток е периодот како ќе се организира се, слушате граѓаните зборуваат ќе барааат дали попушувачот има негативен тест на корона и слично, рече Стевче Јакимовски, лидер на ГРОМ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.

Според него на власта и одговара да зборува за попис, да зборува за политика затоа што тонеме во другите области.

-Власта само сака да се скријат другите теми и области каде стоиме многу лошо. Се зборува ли за 111 место на листата на Транспаренси интернешнл, тонеме во корупција, зборуваме ли дека сме на дно на листата на Дуинг бизнис, зборуваме ли за сиромаштија, за иселувањето. Нема ништо на овие теми, посочи Јакимовски.

Според него многу е реално да се одложи пописот.

-Прво да договориме кога може и како ќе се изведе, власта го тера како политички процес, а претседателот на државата требаше порано да реагира. Ова е крупно прашање и тој треба да балансира, а не сега да зборува за пописот, рече Јакимовски.

Најнови вести