вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Заев е спремен да даде се на Бугарија за датум затоа што нема што друго да понуди пред граѓаните, катастрофа на локално и централно ниво

Јакимовски: Заев е спремен да даде се на Бугарија за датум затоа што нема што друго да понуди пред граѓаните, катастрофа на локално и централно ниво

Заев нема друга карта, нема друга приказна пред македонскиот народ. Неговата приказна е датум за преговори бидејќи нема што друго да понуди, вели лидерот на ГРОМ, Стевче Јакимовски за „Што не е јасно“ на Алфа, по однос на тоа дека Заев е спремен се да продаде на Бугарија, само да добие датум.

Јакимовски потенцира дека Заев нема со што да се пофали затоа што има катастрофа и на локално и на централно нив, нема градоначалник кој го бива, нема нови инвестиции, а најуспешните во овој момент се тие од времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводеше владата.

– Со што ќе се пофали, ќе каже дека има резултати во здравството? Србија со 9 милиони има 7.000 починати, Македонија со 2 милиони има 5.400 починати. Ќе каже дека имал подобра администрација, а таму е катастрофа. Нема правна држава, нема демократија, нема поголема слобода на медиумите, нема подобар економски стандард, нема отворање на работни места, истакна Јакимовски.

Нагласи и дека Заев и СДСМ се ментална матрица кај која доминира безидејност, некреативност и неспособност, но имаат оговарање, желба за дворски игри, криминал и богатење и затоа нема резултат.

Најнови вести