Мане Јаковлевски, претседател на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ од втората годишна конференција на унијата насловена „Традиција која обврзува, за иднината која доаѓа“ во воведниот говор се заблагодари на претседателот, Христијан Мицкоски што пред повеќе од две години донесе историска одлука да се формира Унија на ветерани.
„На 21 септември, пред десет дена, по предлог на Извршниот Комитет, Централниот Комитет донесе одлука за промена на правилникот за работа на ВМРО-ДПМНЕ, со која промена УВ се изедначи со правата и обврските со УМС и УЖ. Ја добивме довербата и затоа што ние сме чувари на аманетот и идеалите на Илинденците и партизаните, запишани во документите на Крушевската Република и АСНОМ, кои денес се испоганети од челниците на СДС. Мораме да ја оправдаме оваа доверба што ни е дадена! Браќа и сестри, секој почеток е тежок, така и нашиот почеток како УВ не беше едноставен, беше тежок но сепак многу се сработи. За ова релативно кратко време Формиравме: 72 општински УВ, 1116 УВ во Месните Комитети, регистрирани се 34.200 членови од редовите на УВ низ цела Македонија“, рече Јаковлевски.
Додаде дека Унија на Ветерани заедно со сите партиски структури активно учествуваше на последните локални избори, на кои убедливо победивме во 42 Општини, следејќи ги упатствата на партиското раководство се направија повеќе 100-тици средби низ целата држава.
Јаковлевски ја искористи оваа прилика, во името на Извршниот комитет на Унија на Ветерани изрази длабока почит кон Општинските Унии на Ветерани, за се што направиле и се што понатака ќе прават за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија.
„Благодарение на посветеноста и одговорноста кон предизвикот пред кој македонскиот народ е исправен во најтешкиот период од своето постоење успеавме да го извлечеме најдоброто од нас. Сето тоа зачинето со грижа на совест, дали сме направиле се за својот народ и за татковината Македонија, како основачи на ВМРО-ДПМНЕ и втемелувачи на самостојна Република Македонија“, истакна Јаковлевски.
Во својот говор, Јаковлевски се осврна и на состојбите во Македонија, при што потенцираше дека ситуацијата е многу сериозна и дека партиите на власт СДСМ и ДУИ се занимаваат само со лоповлук и распродажба на македонските национални интереси.
Додаде дека за неколку месеци ќе има избори на кои ќе им се стави крај на нивното владеење, но повика и на масовна излезеност затоа што секој глас ќе биде важен за рушење на актуелната власт.
„Браќа и сестри ветерани, Состојбата во Македонија е многу сериозна, СДС и ДУИ освен лоповлук и распродажба на национални интереси ништо корисно не направија. Сменија име, идентитет, менуваат историја, местат тендери, трошат државни пари за незапочнати и без проекти- патишта, ги полнат сопствените џебови, крадат лекарства од пациенти со најтешки болести, а наши граѓани умираат. Им се ближи крајот. За неколку месеци ќе има избори. Не чека голема работа, а ќе успееме ако сме сплотени и обединети. На наредните избори, потребна ќе биде масовна излезеност. Да не се залажуваме и да кажеме и без мојот глас ќе победиме. Секој оној кој што така мисли, прави корист за СДС и ДУИ. На наредните избори потребен ќе е секој еден глас“, рече Јаковлевски, додавајќи дека треба ги засукаме ракавите и на наредните избори да обезбедиме над 61 пратеник.