Актерот Един Јакуповиќ на социјалната мрежа Фејсбук обвини дека министерот без ресор, Аднан Ќахил паркирал на тротоар, а откако го прашал зошто го узурпира јавниот простор министерот кратко одговорил: „Јас сум држава“.
-Кога го запрашав зошто го узурпира јавниот простор на пешаците ми одговори: јас сум држава. Возилото е на министерот без ресор Аднан Ќахил, напиша Јакуповиќ на Фејсбук.