четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јана лавовски се бореше со болеста, но ја загуби битката: Четири месеци по нејзината смрт судот ја кажа болната вистина

Јана лавовски се бореше со болеста, но ја загуби битката: Четири месеци по нејзината смрт судот ја кажа болната вистина

Четири месеци по смртта на охриѓанката Јана Арсовска која со години лавовски се бореше со многу агресивен и многу редок вид на рак, Вишиот управен суд донесе одлука според која Фондот за здравство требало да одобри средства за да продолжи нејзиното лекување во странство.

Ова е болна вистина бидејќи се отвораат многу прашања. Сега навистина е предоцна, ја загубивме Јана.

Поразителен и срамен е фактот дека највисокиот суд во Македонија за управни постапки се произнесе откако Јана повеќе не е меѓу нас.

-Нашата Јана додека беше со нас беше многу храбра, исклучително силна, природно питома и полна со љубов и внимание, дури и кон институциите кои законски требаше да и го поклонат своето внимание и грижа, а не го сторија тоа. Јана ги бираше зборовите дури и кога требаше да се зборува за односот на тие институции кои законски беа обврзани да ја заштитат, а не го сторија тоа-болат зборовите на нејзините најмили, тие не смогнаа сили јавно да зборуваат, затоа што за нив Јана сеуште е жива и сеуште се борат за неа, за правдината да излезе на виделина. Се’ што им тежи на душата преточија на хартија.

Денес, може да соопштиме дека погрешните, лажни и нестручни одлуки на комисиите на ФЗО ќе бидат предмет на кривична пријава до сите кои одлучуваа во нејзиниот случај и не и овозможија шанса да се бори против опасната болест. Тромавоста на одлучување на судовите и скандалозно долгото време кое им треба за да постапат во предмети во кои е загрозен живот на пациенти, и наместо за 5 дена ги решаваат за 5 месеци, веруваме дека ќе биде исто така предмет на соодветна одговорност. А одлуката на Фондот за здравствено осигурување после пресудата во наша корист на Управиот суд, кој наместо да и даде шанса на Јана реши да поднесе жалба за оваа пресуда, ќе остане пример за нечовечко постапување не само во аналите на Фондот, туку веруваме и во аналите на одговорност за ваквото постапување, за што допрва ќе имаат работа и обвинителството и судовите.

Јана ништо нема да ни ја врати, но ќе бараме одговорност за вакво нешто да не се случи никому никогаш во иднина. Не смее ниту еден човек кој има законско право на заштита и право на борба за својот живот, да не добие шанса поради нестручноста, ароганцијата, дилетантството и нечовечноста на институциите на државата, стои во дописот што до АЛФА го испрати семјеството на нашата Јана, чија смрт ја потресе целата македонска јавност, оти беше многу племенита,срдечна, хумана. Во битката за живот Јана помагаше на други, дури и кога немаше за себе.

Најнови вести