сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јане Ченто со порака: Збогум Шутка- ќе се бориме да ја докажеме невиноста и ќе успееме еден ден во тоа- нема предавање МАКЕДОНЦИ! (ФОТО)

Јане Ченто со порака: Збогум Шутка- ќе се бориме да ја докажеме невиноста и ќе успееме еден ден во тоа- нема предавање МАКЕДОНЦИ! (ФОТО)

Јане Ченто преку неговата сестра испрати порака до јавноста. Тој се збогува со затворот „Шутка“ и порача дека и од Идризово ќе се бори да ја докаже својата невиност и верува дека ќе успее во тоа.

-Трпението не е само способност да се чека, тоа подразбира како се однесуваме додека чекаме.

Вистинската вредност на човекот не се мери во моментите на удобност и благосостојба, туку во времињата кои носат предизвици и контроверзии.

Промената не е неизбежна, туку се остварува преку непрекината борба.

Ние ќе се бориме да ја докажеме нашата невиност и ќе успееме еден ден во тоа иако ќе бидеме во затворот Идризово, нема предавање МАКЕДОНЦИ !!!

Македонија слободна ќе биде !!!

Збогум Шутка!

Порака од Јане Ченто преку неговата сестра.

Најнови вести