Катица Јанева, специјалната обвинителка денеска изјави дека ги слушаат бомбите кои ги објавува Ел Чека, но вели дека моментално ги анализираат, пишува Плусинфо.
– Тоа го анализираат информатичарите, има нешто што е детектирано кај нас, а дел не. Така да се уште бараме по тие разговори. Има дел од „бомбите“ кои ги имаме и ние. Во овој момент не може да гарантираме дека тие не се од кај нас, бидејќи се исражува – вели Јанева.