сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЈАНЕВА ДО СУДОТ: Се надевам дека не се плашите од зборовите на обвинителката за „тресење од гаќи“

ЈАНЕВА ДО СУДОТ: Се надевам дека не се плашите од зборовите на обвинителката за „тресење од гаќи“

Вториот адвокат на Јанева, Дељо Кадиев рече дека тие како одбрана едвај чекаат да ги видат доказите за наводните 50.000 евра, кои според ОЈО и биле дадени на Јанева, објавува Слободен Печат.

Не сум виновна и знам дека ОЈО нема докази против мене. Горда сум на СЈО, на тимот и на сите отворени предмети. Ние создадовме стотина предмети, рече обвинетата во „Рекет“, Катица Јанева.

– Се надевам дека сите предмети ќе завршат со пресуди. Работев законски и професионално. Не го прекршив законот. Јас како екс шеф на СЈО во изминатите 4 години се изложив на ризик. Се уште одам со крената глава бидејќи допринесов многу во борбата против криминалот. Очекувам судот да ме ослободи од обвинение и се надевам дека не се плашите од зборовите на обвинителката за „тресење од гаќи“ – рече Јанева.

Следното рочиште е закажано за 6-ти овој месец.

– Катица Јанева е невина. Ставена е во контекст на нечии нечесни игри. Сите докази се под стандардот. Сите дејствија за кој ОЈО ја товари Јанева биле сторени со цел стекнување на материјална корист. Таа не ги пречекорила своите законски овластувања. Овие дејствија биле согласно законот. ОЈО нема доказ против Јанева дека наводно зела пари, рече Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева.

– Таа имала право како ќе постапи за одреден случај. Спротивно од ова дека наводно постапила тврди ОЈО што е апсурдно – рече Фрчкоска.

Вториот адвокат на Јанева, Дељо Кадиев рече дека тие како одбрана едвај чекаат да ги видат доказите за наводните 50.000 евра, кои според ОЈО и биле дадени на Јанева.

– Очекуваме овој суд да ја ослободи Катица Јанева – рече Кадиев.

Најнови вести