среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанева останува во куќен притвор, следен сведок за „Рекет“ е обвинителката Лиле Стефанова

Јанева останува во куќен притвор, следен сведок за „Рекет“ е обвинителката Лиле Стефанова

Апелацискиот суд ја одби жалба на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, да се брани на слобода. Со одлуката на судот донесена минатата недела Јанева, и понатаму останува во куќен притвор. Веста за МИА ја потврди судијата од Апелацискиот суд, Сафет Кадриу.

Следното рочиште зa „Рекет”, e закажано за 20 јануари, кога и е предвидено да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Претходно сведочеше обвинителката Елизабета Јосифовска. Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во затворот во Шуто Оризари.

Во случајот „Рекет“, што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева, односно Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште ја прифати вината и доби три години казна затвор. (МИА)

Најнови вести