Притворената екс специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватната клиника „Жан Митрев“.
Нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска, потврди за „Фокус“ дека на Јанева и е одобрено барањето да се јави денеска на кардиолошко-интернистички преглед во клиниката. Како што вели Фрчкоска, Јанева е во многу лоша здравствена состојба.
-Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата – вели Фрчкоска.