недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници кои ќе предизвикаат дискриминација кај децата, училиштата се распаѓаат нека почне прво нив да ги средува

Јаневска: Царовска не нуди дигитализација, туку само дигитални учебници кои ќе предизвикаат дискриминација кај децата, училиштата се распаѓаат нека почне прво нив да ги средува

Дигитализацијата  светски тренд и е потребна, но ова што го нудат МОН и Царовска не е дигитализација туку само дигитални учебници. Новиот Закон тоа го нуди, односно вели дека печатени книги ќе има само од прво до трето одделение, а се понатаму печатени книги нема.  Сите книги треба да бидат електронски, односно дигитални, изјави Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата во организација на ВМРО – ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.

Јаневска потенцира дека  ваквата идеја ќе предизвика нарушување на детски права и дискриминација.

– Децата кои немаат дигитални уреди ќе треба да добијат копија, и тоа нема да биде дигитален учебник за тие деца оти ќе ги нема дигиталните содржини. Ние имаме училишта каде децата немаат услови за престој, а наставниците пристојни услови за работа. Не само што немаат паметни табли и дигитални уреди туку немаат услови за одржување на хигиена. Тие немаат ни пристојни тоалети, училиштата се руинирани, клупи се распаѓаат, нагласи Јаневска.

Таа истакна дека власта прво треба да се посвети да ги подобри условите во училиштата и истите да ги дигитализира, а потоа да се размислува за дигитални учебници.

Како споредба ВМРО-ДПМНЕ изгради 74 нови училишта, реновираше  400, изгради 51 спортска сала. Ако направиме споредба тоа е 8 до 10 пати повеќе. Страшно е што проектите кои ги направи претходната влада оваа влада не може да ги одржува и ги остава да се распаѓаат, рече Јаневска.

На трибината ќе биде дадена детална анализа за неуспесите во секоја област.

Говорници кои говорат на трибината се:

  • Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
  • Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
  • Весна Јаневска од Комисија за образование и наука
  • Синиша Ивановски од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт
  • Цветан Трипуновски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
  • Кирил Лазов од Комисија за здравство
  • Борко Ристовски од Комисија за спорт
  • Зоран Љутков од Комисија за култура
  • Татјана Ристова Димова од Комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Панел дискусија – „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“!

Лазов: Владата предводена од СДСМ катастрофално се справува со корона кризата и има нула реализација на ветени проекти

Славески: Од ветените 5% БДП секоја година добивме 0.7% за четири години и промашен даночен систем што ја зголеми сиромаштијата

Јаневска: Реформата на Царовска има цел да променат учебниците како што ќе побара Бугарија и да се потрошат 21,5 милиони евра

 

Најнови вести