недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаневска: Нашата група лекари работат од хуманизам и добра волја иако би имале полно право да одбијат работа затоа што работат незаштитени

Јаневска: Нашата група лекари работат од хуманизам и добра волја иако би имале полно право да одбијат работа затоа што работат незаштитени

Во вечерашната емисија „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа гостуваше професор доктор Весна Јаневска патолог.

На прашање да се направи паралела со справувањето со корона вирусот во Вухан и во Макединија таа кажа дека за жал тоа што се случува во државата е многу различно од тоа што се случуваше во Вухан.

– За жал за жал тоа што се случува во Македонија е многу различно од она што се случуваше во Вухан. За жал повторно ќе речам мораме да признаеме дека ние не сме спремни за борба со корона вирусот така како што беа спремни луѓето во Вухан кажа Јаневска .

Имено , Јаневска појасни дека за жал мора да се признае дека државата не е спремна за борба со корона вирусот така како што биле спремни луѓето во Вухан. Дополнително таа истакна дека според моменталната состојба македонските доктори ги става во групата на ранлива категорија бидејќи работат незаштитено, со добра вољја од хуманизам и емпатија но таа додаде дека тие би имале полно право да одбијат работа затоа што не се зашитени.

– Нашите доктори ќе ги ставам во групата на ранливата категорија. Работат незаштитено работат со добра вољја од хуманизам ,од емпатија иако би имале полно право да одбијат работа затоа што воопшто не се заштитени , не за да го зачуваат сопствениот живот туку за да не станат а ми се чини дека ќе станат извор на зараза потенцираше Јаневска.

Јаневска дополни дека докторите во ваква состојба каква што се наоѓаат многу веројатно е дека ќе станат извор на зараза

Најнови вести