Во реформата на Царовска за образование се крие политичка агенда со две цели. Првата е вметнување на резултатите од преговорите со Бугарија во образовниот процес и детали од Договорот од Преспа и втората цел е наоѓање на начин за трошење на 21,5 милиони евра кредит од Светска банка, вели Весна Јаневска претседателка на Комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата во организација на ВМРО – ДПМНЕ, а насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.
Јаневска потенцира дека реформа немаше да биде проблем ако имаше надеж дека реформата ќе понуди нешто подобро во образованието, но тука станува збор за политичката агенда која е наметната и затскриено ја вметнуваат во процесот на образованието и која ќе предизвика тектонски движење ви процесот на образование и силни турбуленции кај наставниците.
Таа вели дека сериозен е сомнежот дека не станува збор за обмислена реформа која ќе доведе до подобрување на образовниот систем, туку се турка политиката на власта со цел да се покаже успешност.
– Проблемот е во Законот каде што се вели дека еднаш годишно ќе се правата промени на учебниците до 30%. Промени еднаш годишно по математика, физика нема потреба да се прават, ниту по хемија, а промените се очекуваат во историја, географија и македонски јазик, односно она што допрва претстои да се решава во политичкиот дијалог помеѓу две држави. Тоа не е наука, истакна Јаневска.
На трибината ќе биде дадена детална анализа за неуспесите во секоја област.
Говорници кои говорат на трибината се:
- Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Весна Јаневска од Комисија за образование и наука
- Синиша Ивановски од Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт
- Цветан Трипуновски од Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Кирил Лазов од Комисија за здравство
- Борко Ристовски од Комисија за спорт
- Зоран Љутков од Комисија за култура
- Татјана Ристова Димова од Комисија за труд и социјална политика, демографија и родови прашања
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Панел дискусија – „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“!