Режисерот на филмот „Ругање со Христос“, Јани Бојаџи во интервју за Магазин.мк отворено вели дека му била понудена светла иднина доколку се извини и го промени филмот. Бојаџи открива и што му рекол неговиот татко на денот кога беше повикан на распит во полиција, што всушност е и денот кога беше закажана и одржана премиерата во Скопје во рамки на фестивалот Киненова.
Магазин: Што се случи со “опомената” упатена преку вашиот татко? Мислам вие активно не информиравте на социјалните мрежи но има или нема обвинение за наводна трговија со артефакти? Зошто притворот беше тајмиран со премиерата? Помисливте ли да се откажете од се?
,,Немој случајно вечер да нема премиера! Арам да ти е ако го направиш тоа заради мене,,! Ете ова беа зборовите на татко ми пред да замине на распит во Скопје. Во такви моменти не ви се важни никакви филмови. Важен ви е само родителот. Но татко ми не ми остави право на избор. Беше сосема јасен. А тие што го познаваат знаат дека од кажаното не отстапува па ,,мајка Јана,,. Јас ви кажав дека тие сега се влезени во втората фаза на кампањата која според добрите фашистички практики сега се префрлаат врз мене и моето семејство. За среќа најголем артефакт кај мене дома е мојот татко кој ми е пример за се во животот. Верувам дека ова епизода во неговиот живот скоро ќе биде заборавена а е предмет на неговата наивност која ја злоупотребил еден човек со презиме Босиљанов кој е познат како верен и истакнат јуришник на партијата СДСМ од Струмица! Го кажувам ова за да знаат дека знам точно што прават и дека нема да дозволам на мојот татко да му недостига едно влакно од главата.
Магазин: Бојаџи и покрај се изгледа дека власта и судството го изрежира “Ругање со Бојаџи”. Добивте и покана за суд со цел да ви биде изречена мерката забрана за прикажување но до тоа не стигна како барањето беше повлечено од самиот подносите. Сметате ли дека ако бевте потивок ќе успееја во намерата “Ругање со Христа” да не види “бел ден”?
Не знам што сметале тие, ама сега е јасно дека есапот од дома на пазар не им излезе баш точен! Јас решив да не молчам. И покрај добрите понуди кои ги добив доколку неколку работи поправам, скратам, придотерам. Доколку се повлечам и извинам, ми понудија светла иднина и подршка за овој и сите други идни проекти!
Многу повеќе за цензурирањето на филмот од страна на Владата и Министерството за култура, разните притисоци, за поддршката од претседателот Ѓорге Иванов, за самиот филм, но и за упорноста на Бојаџи прочитајте го целото интервју со режисерот на МАГАЗИН.