Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија на тема „До кога ќе се гушат граѓаните “ гостуваа Невенка Георгиева од 02 Иницијативата и Андреа Јанков од„ Го сакам Водно“.
Андреа Јанков кажа дека загадувањето е комбинација од незаинтересираноста на институциите да спроведат мерки и смешно малите средства издвоени во буџетот за оваа потреба.
„Средствата во буџетот издвоени за борба против загадувањето се смешни. “ – кажа Јанков.
Тој истакна дека Владата и институциите воопшто не даваат приоритет на овој проблем кој е од огромно значење.