Информацијата дека премиерот на Словенија, Јанез Јанша, испратил неофицијален „нон-пејпер“ документ до Брисел, во кој се пишува за прекројување на границите на просторот на бивша Југославија, меѓу кои и Македонија ја разбранува јавноста на Балканов.
NEWS 1 за ова прашање побара став од премиерот Јанша. Тој кусо одговорил:
„Словенија ја поддржува европската перспектива на Македонија, во рамките на постоечките граници. Никогаш официјално или неофицијално немала поинакви ставови од овој став“, вели Јанша за NEWS1.
Во одговорот Јанша воопшто не се осврнува на тврдењата дека е поднесен т.н. „Нон Пејпр“ со кој се бара да заврши процесот на распаѓање на Југославија и изнесува ставови кои се однесуваат само на Македонија.