Највисоките функционери на владејачката СДСМ бараат „чист мандат“ за да се посветеле на економијата, а нивните имиња станаа синоним за неуспеси и порази, вели во својата објава Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Водачот на криминално-рекетарската банда на СДСМ, Зоран Заев, барал чист мандат за да се покажел на економски план. Лично Заев ќе се посветел со, внимавајте, огромна доминација на економијата, и заради тоа потенцирал две работи кои ќе биле доминантни во следните 4 години, економија и севкупна трансформација на оп(ш)теството! Веројатно пак ги помешал малку работите, но едно е јасно, а тоа е дека по 12 април ВМРО-ДПМНЕ ја формира новата влада штом изјавува дека економијата ќе доминира во следните 4 години.
Оливер Спасовски и Мила Царовска при посета на текстилна компанија со изјава дека владата работи како да се подобрат условите и за работодавачите и за работниците и како една една од најважните придобивки на оваа заедничка соработка го издвоија изграденото силно партнерство. Истовремено со оваа изјава, од невладината организација “Гласен текстилец” бараат од владата да се истражуваат манипулациите со исплатата на минималната плата, пред се во текстилната индустрија … или народски кажано “тонч”!
А, Радмила Шеќеринска ја слушаме како “од пушка”, без ни малку срам, кажува дека “тоа што ќе го сработиш, никој не може да ти го одземе”. И веројатно да е од било кој друг од СДСМ ќе поминеше “како-така”. Но, кога доаѓа од човек кој е повеќе од 20 години на политичката сцена во Република Македонија и притоа е синоним за неуспех … нашиот мудар вели “ниту перде, ниту срам”!“, пишува Јанушев.