среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Бесплатна гасификација до секој дом, финансиската помош и 4 милијарди евра инвестиции за економскиот развој

Јанушев: Бесплатна гасификација до секој дом, финансиската помош и 4 милијарди евра инвестиции за економскиот развој

На денешната дебата во „Отворено студио“ во Телевизија 24, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Носител на листата на пратеници во Третата изборна единица, Игор Јанушев, во однос на проектите за економски развој истакна дека партијата ќе биде фокусирана на подигнување на животниот стандард, со 4те милијарди инвестиции, бесплатната гасфикацијата до секој дом, енергетските проекти и влезот на новите компании ќе бидат поттик за добар старт во економскиот развој.

-Најавивме нов инвестициски циклус од 4 милијарди евра, домашни и странски инвестиции што ќе бидат поттик за домашните и странските компании, веќе најавивме влез на три големи странски инвестиции веднаш по формирањето на новата влада, што ќе биде добар старт за развој на економијата, истакна Јанушев.
Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде фокусирано на подигнувањето на животниот стандард, преку оној модел на реиндустријализација на дражавата, за да се создаде природен механизам за развој.

Јанушев потенцираше дека освен најавените 25% на платите на вработените, 20 % зголемување на пензиите во рок од четири години, се обврзува со обновата дека со овие мерки невработеноста ќе биде под историските 10%.

-Гасификација до секој дом, до секое семејство и тоа бесплатно на трошок на државата преку енергетски фасади во секој објект и 50% субвенционирање на трошоците за истите, ќе ја придвижи економската активност пред се на домашните компании,вели Јанушев.

Во делот за заштита на работничките права Јанушев потенцираше дека ќе се реформира целосно инспекцискиот надзор во државата каде последниве години имаме селективно спроведување на правдата.

Најнови вести