Јавното обвинителство упорно продолжува со (јаловите) обиди за прикривање нз аферата “Рекет 1” и наместо да го повика водачот на криминално-рекетарската банда – Зоран Заев и неговите најблиски соработници, повикува продавачки од салони за мебел и гардероба, пишува на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јнушев.
-Понатаму, го слушаме директорот Дончев – првоосомничениот во “Рекет 2”, како изјавува дека до Шведската амбасада испратиле информација дека планираат да отворат истрага околу доделувањето концесија за Центрите за дијализа.
Природно се наметнува прашањето кој планирал да отвори истрага? Дончев? Филипче? Заев???
Или обидувајќи се да се “испере” од директната вмешаност, всушност пред целата Македонска јавност признава дека истражните органи работат по директна наредба на извршната власт?!?
Истовремено, ги гледаме СДСМ и ДУИ како “оркестрирано” со сите сили се борат да не се формира Анкетна комисија за СЈО во Собранието на Република Македонија!
Кој знае зошто? Навистина немам идеја?
Можеби за СДСМ да ја сокрие аферата “Рекет/и”, незаконското и криминално работење на СЈО и неговото користење како маша во рацете на Заев за пресметка со опозицијата, а ДУИ за да си остане “мирна” како и до сега???, стои во статусот на Јанушев.