петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Министерката Дескоска заборава дека веќе 3 години на власт е криминално-рекетарската банда токму на нејзината СДСМ предводена од Заев

Јанушев: Министерката Дескоска заборава дека веќе 3 години на власт е криминално-рекетарската банда токму на нејзината СДСМ предводена од Заев

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев објави статус во кои пишува дека министерката Рената Дескоска заборава дека 3 години на власт е криминално-рекетарска банда токму на нејзината СДСМ.

-За пред камери, односно за пред јавноста, министерката Дескоска изјавува:
“Ние доаѓаме со добра волја, за да договориме закон кој ќе имплементира европски стандарди и она што значи спроведување на реформи во правосудството. Договорот ќе зависи од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Јас во животот сум повеќе реалист отколку оптимист, знаејќи со кого преговараме неможам да кажам. Ние ќе направиме се од наша страна стандарди во законот да има”.

Позади затворени врати, министерката Дескоска со став “земи или остави”!?!

Заборава дека веќе 3 години на власт е криминално-рекетарската банда токму на нејзината СДСМ, предводена од Зоран Заев, и имаа повеќе од доволно време да покажат реформи, и тоа не само во правосудството, да ги покажеа на дело европските стандарди за кои само со демагогија се борат.
Вака, е само “млатење на празна слама”!

И да, од ВМРО-ДПМНЕ зависи, прашање е само на месеци! ?

П.С. – пред нешто повеќе од месец дена ви кажав дека прашање на време е само кога ќе почнат неговите да го пуштаат низ вода, стои во неговиот пост на Фејсбук.

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Најнови вести