Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес е во посета на населените места Истибања, Јакимово и Градец во општина Виница.
Тој оствари средба со населението и со нив разговараше за нивните потреби и проблеми.
-Заедно со граѓаните на Република Македонија, заедно ќе победиме. Заедно ќе победиме за ова зло никогаш да не се повтори. Зоран Заев и СДСМ никогаш повеќе, порача Јанушев.