Рашела Мизрахи беше разрешена затоа што почна да ги вади криминалите и неработата на Мила Царовска, а не за користење на името Република Македонија, бидејќи откако се најавија изборите многу функционери од СДСМ почнаа да не ја користат придавката но никој не ги спомнува, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во Клик Плус на ТВ 21.
„Министерката беше разрешена затоа што почна да ги вади сите криминали и неработење во министерството, ако беше за разрешување требаше да ја разрешат и мила царовска бидејќи таа не ја сменила ама тоа никој не го спомнува. Само што почна да ги вади работите, на пример дека Царовска чувала 8000 предмети во фиока и веднаш ја сменија“ истакна Јанушев.
Тој потенцираше дека заради вадењето на криминалите во министерството за труд и социјала намерно ја сатанизираа Мизрахи и покажаа антисемитизам во добар дел поголем од тој во втората светска војна.
„Нема човек што нема приметено, како најголем дел од владејачката структура на СДСМ, откако се договорија изборите пред некој месец од континуираното спомнување на придавката на името, по неколку пати наеднаш престанаа да го користат, зошто никој не реагираше за тоа и не побара разрешување“ вели Јанушев.