понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Се обврзуваме за поголеми плати на лекарите, стоматолозите и медицинските работници

Јанушев: Се обврзуваме за поголеми плати на лекарите, стоматолозите и медицинските работници

Квалитетот на здравството е клучен за секоја нација. Тоа е систем во кој треба да бидат задоволни и лекарите, медицинските работници и пациентите. Нашите лекари со знаење и стручност се рамо до рамо со нивните европски колеги, а државата е таа која треба да овозможи европски услови за работа, но и европско ниво на услуги за пациентите, вели во своето видео обраќање носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3 Игор Јанушев.

Се обврзуваме за поголеми плати на лекарите, стоматолозите и медицинските работници. Преку континуиран раст на вредносната капитација за матичните лекари и стоматолозите.

Предвидуваме:

✅Реконструкција и модернизација на општата болница во Велес
✅Изградба на клинички центар во Штип
✅Зајакнување на системот на трансплантација на органи
✅Се укинуваат рецептите, услуга со лична карта
✅Проширување на позитивната листа на лекови

Се грижиме за секого, исправи се Македонијо, одбери Обнова, вели Јанушев.

Најнови вести