четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Случувањата во ИВЗ се скандалозни и недозволиви

Јанушев: Случувањата во ИВЗ се скандалозни и недозволиви

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на прес конференција, како одговор на новинарски прашања, ги коментираше последните настани во ИВЗ, кои ги квалификуваше како „скандалозни и недозволиви”. Според него се работи за директно мешање на државата во верските заедници.

-Да се потсетиме само во минатото дека потпретседателот на Заев, потпретседателот на СДСМ даваше квалификации за челникот, односно поглаварот на ИВЗ каде што го нарекуваше резил, зло, заштитена мечка и слично. Ваквото мешање најостро го осудувам се уште еднаш и очекуваме надлежните институции кои всушност дојдоа по нарачка и го остварија она што го гледавме вчера дека ќе се повлечат и дека ќе ги преземат сите мерки за расчистување на овој случај, рече Јанушев.

Најнови вести