петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев со повик до граѓаните : Излезете масовно на 17-ти октомври за да ја делегитимираме власта

Јанушев со повик до граѓаните : Излезете масовно на 17-ти октомври за да ја делегитимираме власта

Во денешното гостување во дневникот на Телевизија 24, пратеникот Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека имавме една скандинавско водена кампања, но за жал Република Македонија е далеку од скандинавска, бидејќи пред неполни 2 часа на прес-конференција, објавивме лица кои што го вршат поткупот на гласачи за СДСМ.

Тој потенцираше дека Јавното Обвинителство веќе може да започне истрага по допрен глас за поткупот кој што го објавиле на прес-конференција, и не мора да го чекаат предавањето на материјалите.

Видовме една кампања со без идејност и визија, каде што имаме повторување на кампањата од 2017-та година, и единствено нешто што преостанува на СДСМ е да води црна кампања, преку поткуп закани и уцени за да го спречи потопот кој што следува во недела, посочи Јанушев.

Тој додаде дека за разлика од СДСМ, во оваа кампања ВМРО-ДПМНЕ настапува со млади нови, мотивирани и лица кој што пред се држат до својот кредибилитет и професионалност кој што прават разлика во средините каде што се.

-Програмата која што ја понудивме е реална и се заснова на вистинските потреби на граѓаните. Пред да се изготви програмата, имавме тимови кој што разговараа со секој еден граѓанин и ги слушнавме најголемите проблеми и потреби кој што се во таа општина, рече Јанушев.

Токму затоа очекувам голема излезност и ја користам оваа прилика, да ги повикам сите граѓани на Република Македонија, да не се плашат, да излезат и да го дадат својот глас во недела, бидејќи навистина се клучни избори и со овие избори почнува делигимирањето на власта, заклучи Јанушев.

Најнови вести