четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: Дали Диме Велковски од СДСМ „ги закопа„ Шилегов и Богоев за депонијата во Карпош?

Јаревски: Дали Диме Велковски од СДСМ „ги закопа„ Шилегов и Богоев за депонијата во Карпош?

Тони Јаревски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашува „Дали Диме Велковски од СДСМ „ги закопа„ Шилегов и Богоев за депонијата во Карпош?“

-4 месеци изминаа без одговори од Петре Шилегов и Стефан Богоев за криминалот и поставената екобомба во Втората заштитна зона на бунарското подрачје Нерези-Лепенец во Карпош.
По неколкуте првични конфузни и неповрзани изјави на Шилегов и цврстата негација на Богоев дека тоа не е заштитена зона, и покрај доставените поднесоци до инспекторатите, следеше целосен молк. Конвои камиони за време на ПОЛИЦИСКИ час изнесуваа песок од локацијата, синхронизирано стотици други камиони ископаните дупки до ниво на подземни води ги пополнуваа со шут и отпад.
4 месеци инспекторите шетаа од врата на врата од институција до институција обидувајќи да дознаат кој на спорната локација копа песок, по чив налог, има ли дозволи и лиценци, кој го одвезува, кој депонира отпад, каков отпад депонира, дали се потврдени сознанијата дека се депонирани големи количини на канцероген отпад. Интересно по некоја чудна коинциденција, токму кога записниците беа обезбедени требаше да бидат испратени до МВР… се запали Инспекторатот!
ВМРО-ДПМНЕ, Проф. Д-р Гордана Силјановска – Давкова подржана од Љупчо Пренџов, опстојувајќи на своите заложби за чиста животна средина и грижата за здравјето на граѓаните поднесоа амандман на Буџетот за 2021г. со кој треба да се обезбедат средства за санација и ремедијација на новосоздадената депонија, или просто кажано отстранување на ѓубрето што таму го истурија, враќање на песокот што го ископаа, т.е враќање во првобитната состојба на локацијата.
Благодарејќи на развиената дискусија по амандманот на комисиската расправа, одговор на најголемиот дел од горепосочените прашања пристигна директно од пратеникот на СДСМ, Диме Велковски. Тој јасно и недвосмислено посочи дека инвеститорот и налогодавачот за работите на спорната локација имаат Име и Презиме, Петре Шилегов и Стефан Богоев!!!
Она што нам ни е од највисок приоритет е отстранување на екобомбата и спречување на еколошката катастрофа, а тоа е единствено можно со прифаќање на амандманот и итно отпочнување на постапките за санација и ремедијација. Иако на комисијата не го усвоија, за неколку дена ќе има повторно можност да се усвои на собраниска седница.
Затоа, би сакал јавно да ги ЗАМОЛАМ сите жители на Карпош и Скопје кои имаат било каков контакт со пратеник или функционер од Власта, да ги исконтактираат и извршат притисок врз нив со цел амандманот да биде прифатен, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Дали Диме Велковски од СДСМ „ги закопа„ Шилегов и Богоев за депонијата во Карпош?

4 месеци изминаа без одговори од…

Posted by Toni Jarevski on Петок, 04 декември 2020

Најнови вести