Тони Јаревски преку статус на Фејсбук пишува дека има надеж од институциите за реагирањето за истурањето на отпадот во Карпош 4 во делот каде требаше да никне парк.
-И ОТПАД ОД ИНФЕКТИВНА?!?!?!
Има надеж!
Самото поднесување на кривичната до ОЈО од страна на МВР и отпочнување на постапката е огромна победа и успех.
Пресови, протести, прозивки, укажувања, амандмани… Се игнорираа.
Долги дискусии имаше за овој скандал од тоа дека е фејк вест до партиски етикети за активностите околу разобличувањето на криминалот и поставената еко-бомба во Канцер паркот во Карпош 4.
Нејсе, Нема сега да потсетувам на улогите и изјавите на Шилегов и Богоев, не ми е тоа целта.
Нека си постапуваат институциите. Она што сите ние следно треба да направиме е целосен фокус и посветеност за чекори за итна санација и ремедијација на парк депонијата.
Се надевам дека овојпат иницијативата ќе биде со целосна поддршка на граѓанските здруженија и активисти, па следствено се надевам/посакувам дека ќе се изнуди и точка на дневен ред на следната Седница на Советот.
Линк до билтенот на мвр
https://mvr.gov.mk/dneven-bilten/2210
Целиот извадок за поднесената кривична во сликите во прилог на објавата, стои во неговиот пост на Фејсбук.
И ОТПАД ОД ИНФЕКТИВНА?!?!?!
Има надеж!
Самото поднесување на кривичната до ОЈО од страна на МВР и отпочнување на…Posted by Toni Jarevski on Четврток, 22 април 2021