Криминалот станува пракса во Скопје, граѓаните не се чувствуваат повеќе безбедни, не поминува месец без запален автомобил, граѓаните се оштетени, а МВР не е способна да го одржи јавниот ред и мир, истакна Тони Јаревски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Карпош.
-Веќе изразивме сомнеж дека криминалците се во коалиција и имаат поддршка од власта, а со синоќешниот инцидент станува очигледно дека преку насилство и инциденти власта се обидува да испрати порака на заплашување. Вчера вечер е запален автомобилот на претседателот на месниот комитет Владо Тасевски. ВМРО-ДПМНЕ во повеќе наврати реагира на безбедноста во Карпош и во Скопје. Изборниот процес не е ни започнат, а видете што се случува, рече Јаревски и додаде:
„Во повеќе наврати опоменувавме дека криминалот во Карпош е во подем. Минатата година во само 3 квартала имаше 750 извршени кривични дела, провални кражби, грабежи и разбојништва, а расветлени од непознат сторител 0, ниту едно, нашите сограѓани веќе се несигурни и на улица и дома. Зошто Карпош е оставен на милост и не милост од страна на државата и МВР? Бараме итно расветлување на овој случај, бидејќи во спротивно само ќе се потврдат нашите сомнежи дека се работи за политички мотивиран случај во организација на власта“.