недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: Нетранспарентноста во постапката, може да произведе корупција, затоа побаравме увид во договорот со „Бехтел“ и „Енка“

Јаревски: Нетранспарентноста во постапката, може да произведе корупција, затоа побаравме увид во договорот со „Бехтел“ и „Енка“

Крајно легитимно е тоа што побаравме увид на договорот со „Бехтел“ и „Енка“ и нема никаква логика барањето да биде одбиено, истакна пратеникот Тони Јаревски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Објектив“ на МРТ.

Добро ќе биде да го видиме договорот бидејќи таму има работи што навистина загрижуваат, кажа Јаревски.

Тој посочи дека предлог законски измени се поднесени од пратеници, а не од Владата, министрите или премиерот.

„Зошто е проблемот толку голем со овие законски измени. Во најголем дел истите се насочени кон суспендирање на државата и институциите, бидејќи нема потреба од барања, одобренија и постапки за градби“, рече Јаревски.

Тој е дециден дека нетранспарентноста продуцира корупција секогаш по дефиниција и во нетранспарентни вакви услови се појавува форма на корупција.

Не може без постапка да се прави што сака. Мора да се знае што се случува. Тоа не е заради последиците кои сега ќе ги имаме, бидејќи договорот веќе има правни последици“, кажа Јаревски.

Јаревски кажа дека кога договорот е ваков како што е склучен, тогаш евтини кредити нема да ни даде ниедна меѓународна институција и тогаш ни остануваат скапи обврзници.

„Сега имаме проблем бидејќи со самиот договор за надзор покрај сите оние карактеристики што ги има типичен договор за надзор бидејќи таму има доделено серија на функции и улоги кои се неприродни во нормални услови на функционирање. Една од нив беше преку формата на консултантски услуги надзорот да има улога на преговарач“, изјави Јаревски.

Најнови вести