Јас навистина не знам како да почнеме и да избереме соодветен начин да укажеме и на присутните колеги од власта, но исто така и на почитуваната министерка каква грешка се прави, истакна Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница.
Јаревски посочи дека пред нив е закон кој што е со празни коресподентни табели, а носи европско знаменце.
-Ние имаме ситуација која што веќе се случува, како последица на лош склучен договор. Бидејќи некој се дрзнал да потпише договор кој што не е согласно со нашите законски регулативи. И бидејќи тој договор продуцира правни последици и затоа сега имаме вакви предлог закони кои што мора да се донесат по секоја цена со злоупотреба на европското знаменце за да се превенираат дополнителни трошоци или она што секоја нормална бизнис правна регулатива го вели како пенали, појасни пратеникот.
Тој додаде дека потребна беше одговорна власт што ќе гледа што потпишува за да не се доведе во ваква ситуација државата. Власта не требаше да испраќа фирми со четири вработени што шијат долен веш да преговараат.
-Оваа власт нема никаков слух, ниту за опозиција, ниту за синдикати, ниту за комори, ниту за делегација на ЕУ, ниту за портпарол на ЕУ, за никого. Бидејќи се во таква ситуација. Шест дена изминаа веќе, а јас сум се уште фрапиран дека човек кој што е потпишан на овој празен формулар заменик министерот на говорницата на комисија излезе и вели јас не сум го видел договорот, нагласи Јаревски.
Тој ја запраша министерката на МТСП дали толерира вакво нешто празни формулари и да се повикува на владеење на право.