петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: Власта не доведе до ситуација да не може зејтин да купиме во продавница, а цената на струјата да расте, тие знаеле дека ќе има криза

Јаревски: Власта не доведе до ситуација да не може зејтин да купиме во продавница, а цената на струјата да расте, тие знаеле дека ќе има криза

Кога имаме ситуација да зејтинот не можеме да го купиме во продавница, расте цената на струјата, тогаш кој е крив, граѓаните и администрацијата сигурно не се. Се знае кои политички чинители кои не доведоа во оваа ситуација. Тие знаеле за кризата, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски во „Утрински брифинг“.

Јаревски посочи дека власта наместо да ја пумпа администрацијата и така да вика дека ја менаџира кризата треба да се посвети на реалниот сектор.

-Администрацијата треба да биде сервис на граѓаните. Но што се случува последниве години, имаме состојба каде повеќе од 30.000 лица се намалени во реалниот сектор, но се зголемени во администрација. Администрацијата мора да функционира и треба да се искористи нивниот капацитет. Проблемот е во власта, рече Јаревски.

Јаревски се осврна и на Законот за вршење на сметководствени работи потенцирајќи дека власта го злоупотребува европското знаменце иако не постои европска регулатива за овој закон.

-Подолго време очекувани измени која засега околу 30.000 лица во Македонија и успеавме да биде прифатено нашето барање за јавна дебата. Од таа дебата треба да произлезат барања кои ќе бидат решение за проблемите. Но, власта законот го турка со европско знаменце, типична злоупотреба на процедурите, иако не постои директива на ЕУ која ја регулира работата на сметководителите. Тогаш се поставува прашањето што ние ќе усогласуваме со овој закон? Фелата изрази директни несогласувања, а беше игнорирана од страна на власта, изјави Јаревски.

Најнови вести