среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаревски: Власта со своите преседани, државата и Собранието ги турка во жива кал

Јаревски: Власта со своите преседани, државата и Собранието ги турка во жива кал

„Ниту еден преседан, ниту една импровизација не донела ништо добро ниту за нив, ниту за Собранието, ниту за граѓаните. А, не е прво откога ќе го направите преседанот еднашка понатаму само ќе се множат. Тоа е дополнително заглавување во жива кал. И тоа така оваа власт сака да ја понесе целата држава вклучително и ова Собрание“, истакна Тони Јаревски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на денешната собраниска седница.

Јаревски додаде дека преседан беше и изборот на самата влада. Можеби беше легално, но не беше легитимно.

„Овој пат ниту е легално, ниту е легитимно, ова што се прави тука. Едноставно имаме ситуација во која што избори и именувања Комисијата се прави конститутивна седница. Јасно и гласно напишано и во Деловник и во Закон. И не можеме никако поинаку тоа да го направиме. Три дена овдека гледаме бламирања каде што некои колеги се обидуваат да не уверат дека ова било конститутивна седница. Не може да биде. Едноставно треба да се размислува. Граѓаните многу добро знаат дека имаме власт која што не е во состојба да се справи со ситуација, да изнајде решенија, капацитетите каде што се ограничени, и кај што има дефинирано неспособност. Овој пат имаме ситуација кога они самите се соочуваат со сопствената неспособност. Оваа Комисија се прави на конститутивна седница“, рече Јаревски.

Јаревски посочи дека за ова може владејачкото мнозинство да сноси одговорност.

„Јас ги пратев колегите кои невешто и неуспешно ја бранат оваа постапка. Многу малку моменти беа укажани, многу малку аргументи беа укажани со кои што би можел да се брани ваков чекор на Собранието“, укажа Јаревски.

Јаревски рече дека самиот претседател на Собрание на една национална телевизија нагласи дека ваква точка не може да се стави бидејќи нема Комисија.

„Што е спорно со колегата Фадил Зендели? Тој доаѓа од листата на СДСМ и коалицијата. Тој бил предложен од владејачкото мнозинство и тогаш како соодветен кадар да застапува нивната опција и волјата изразена на изборите токму на таа Комисија“, појасни Јаревски.

Јаревски укажува дека власта сака да направи политизација на Уставниот суд.

Најнови вести