Најнапред да ви се заблагодарам на присуството. Денес тука сме на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош со цел да го одбележиме Денот на планетата Земја, оваа година беше со тема инвестирај во нашата планета имајќи за цел сите општествено засегнати страни да работат на подобра, поквалитетна животна средина и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани. Се радувам навистина искрено што оваа иницијатива беше прифатена од широк спектар на наши сограѓани, имавме невладини организации, планинарски друштва, глумци, актери, спортисти, искрени љубители на природата, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски.
-Имавме можност како што бевте и вие сведоци да се подружиме, заедно да продискутираме, да уживаме во природата и да дојдеме до овој комплекс тука. Покрај основната цел имавме за цел да укажеме и на потребата за комплетирање на проектот за пешачка и велосипедска патека на овој дел од градот, многу атрактивна за многу граѓани, а сеуште нереализиран, да укажеме на нашата жал за пропаѓањето на овој комплекс „Македонско Село“ каде што практично и буквите македонски ги отргна оваа власт.
Конечно имав и една непланирана порака или непланирана слика која што произлезе од настанот практично да се увериме и ние самите и јавноста како ВМРО-ДПМНЕ планира, со кој интензитет и која динамика да ги реализираат своите програмски цели предводена од Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но за тоа најдобро ќе можете да ги прашате остатокот од колоната, рече Јаревски.