среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Јас доаѓам од тој бизнис, снимките се монтирани“, рече Јовановски во судница

„Јас доаѓам од тој бизнис, снимките се монтирани“, рече Јовановски во судница

Првообвиниетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, додека јавниот обвинител Ивана Трајчевска ги презентираше аудио снимките, во судница реагираше дека се работи за груба монтажа и дека тој ги знаел тие работи бидејќи доаѓал од тој бизнис.

Одбраната реагираше и на тоа дека не се знае точно кога се направени снимките, по што обвинителството возврати дека овие снимки не се прибавени со посебни истражни мерки, туку се доставени од сведокот Орце Камчев.

Од досегашните презентирани разговори во судница, може да се заклучи дека станува збор за истите разговори кои по отворањето на истрагата ги објави италијанскиот весник Ла Верита.

Во аудио разговорите се слушаат гласови на Бојан Јовановски, Катица Јанева и Јордан Камчев.

Извор: ТВ21

Најнови вести