Последниве години Македонија бележи негативен раст на секое поле, односно упорно движиме кон дното. Според ранг листата на The Center for World University Ratings (CWUR), Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” се наоѓа на катастрофалното 1917 место од 2000 универзитети кои се наоѓаат на листата. Ова се вика го пробивме дното, оценува Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува неговиот Фејсбук статус:
Власта која три години не направи ништо за студентите, студентскиот стандард и високото образование е главен виновник за ова! Сето ова е голем удар за сите студенти и идни академски граѓани кои ќе сакаат своето образование да го започнат или веќе студираат на најдобриот македонски универзитет кој се наоѓа на 1917 место според рангирањето на The Center for World University Ratings (CWUR).
Новиот Закон за високо образование на дело ја покажува својата лоша основа за што освен горенаведената ранг листа дополнително сведочат агенцијата за квалитет на високото образование, нефункционалниот одбор за акредитација и евалуација и фактот дека новиот закон е менуван и дополнуван 27 пати до сега е доволно од повеќе да се заклучи дека истиот е катастрофален и ќе создаде многу проблеми во високото образование во иднина.
Студентите се бореа за донесување на нов Закон за високо образование, кој требаше да го унапреди местото на студентите и да создаде подобро високо образование, но наместо тоа добивме 1917 место од можните 2000 на листата.
Лагите за подобар студентски стандард и подобро високо образование повторно паѓаат пред статистиката на меѓународната листа на The Center for World University Ratings (CWUR) кои по сѐ изгледа се имуни на ПР-от на власт која ги замачкуваше очите на студентите и ја извртуваше реалноста. Доколку резултатите се приказ за успешноста на одредена политика, 1917 место од 2000 е доволен приказ за катастрофалниот однос на власта кон високото образование и студентите.
Велат, ако сакаш да уништиш една нација – уништи ѝ го образованието. Оваа влада го прави токму тоа!