четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески кон Адеми: Со овој ребаланс на буџет го уривате системот кој треба да ја гради Македонија

Јаулески кон Адеми: Со овој ребаланс на буџет го уривате системот кој треба да ја гради Македонија

3️⃣ конкретни предлози за помош на 👨‍🏫студентите, 👨‍🎓средношколците и 🧒основците во ова време на пандемија:

Почитуван колега Адеми, ги споменавте само ставките каде што има благо покачување, се осврнавте на тоа дека со релокацијата на овие средства се поддржуваат студентите и учениците и каде се зголемува Буџетот во образовниот систем, па еве јас да Ве надополнам:

⚠️ Со Ребалансот, власта скрати 2️⃣1️⃣ милиони евра💶 од ставките за образование.
Само од парите наменети за образовниот систем на основците, се кратат 5️⃣ милиони евра.💶
2️⃣, 2️⃣милиони евра💶 во средното образование.
⚠️ Скратени се и парите наменети за реконструкција на 🏢студентските домови. Тука нема да зборувам за ветениот студентски град уште во 2016 година за кој не е ниту лопата фрлена, туку ќе продолжам понатаму.
⚠️ На нож оди и изградбата на објектите на ФИНКИ и ФФК. Овде се оди до таму, да скратени се и претходно планираните средства за оваа намена. И не само овие два факултети кои се вечни потстанари, минусирани се цели 1️⃣1️⃣, 6️⃣ милиони евра💶 наменети за функционалното образование на академскиот граѓанин.

☝️ Со ваквиот Ребаланс и ваквото неодговорно и деизонрентирано владеење, власта продолжува да го дотепува системот што треба да ја гради Република Македонија.

❗Почитувани, треба да си подадеме рака и да работиме на мерки кои реално ќе го подобрат животот на студентите, но и на учениците, па во таа насока, јас би ви предложил 3 мерки:

👉 4️⃣0️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ ученици не можат да си дозволат да ја следат онлајн наставата, затоа ви предлагаме привремено да им се дадат на користење компјутерите💻 од училиштата на децата си низок доход и државата да субвенционира интернет пристап, а се со цел да можат непречено да ја следат наставата.
👉 👨‍🎓👩‍🎓 За студентите, оние кои доаѓаат од семејства со ниски примања, да им обезбедиме ваучер од 1️⃣2️⃣. 0️⃣0️⃣0️⃣ денари за купување на електронски уреди, исто така за да ја следат наставата.
👉 🧒🧑За основците, оние кои посетуваат физичка настава, да им обезбедиме топол оброк 🥪 🥛до крајот на учебната година.

➡️ Еве конкретни предлози кои што се надевам дека ќе ги земете во предвид за Буџетот за 2021 година и реално да помогнеме во образовниот процес во ова време на пандемија.

Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески.

Најнови вести