четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Петти ден продолжува агонијата на студентите, надлежните се уште без списоци за примени студенти во домовите

Јаулески: Петти ден продолжува агонијата на студентите, надлежните се уште без списоци за примени студенти во домовите

Претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески вели дека студентите наместо да се сретнат со ветените од власта, нови и реновирани студентски домови, се сретнале со скратени 125 милиони денари за реконструкција на студентски домови.

-Уште пред 5 дена студентите требаше да се сретнат со новите фитнес сали, библиотеки, реновирани студентски домови ветени од власта и Каевски и да почнат со користење, и учење. Но, наместо тоа, затекнаа: скратени 125 милиони денари за реконструкција на студентски домови, и без официјални списоци за примени студенти во веќе руинираните.

Внимавајте, петти ден агонијата на студентите продолжува, петти ден господата од МОН не можат ниту една excel табела да направат во која би се утврдило кои се примени, а кои не. Не можат или селектираат подобни/неподобни, односно членови на СДММ или не. Нека не ве чуди, СДС навлезе во секоја пора од општеството, па така и кај студентите.

Сѐ уште нема резултати, а студентите се веќе дојдени за полагање на септемвриската сесија.
Денес е четврток, 05.09, а сеуште нема список за сместување во студентските домови. Утре е петок, традиционално ден кога студентите се враќаат дома, така да колеги пред среда, идната недела, не очекувајте некој да помрдне со прст за вашето сместување.

Ивана, Стефан, Дарко вашата партија која е на власт остави на улица 4000 студенти. Одговорност?

P. S. И вторник е работен ден ама се на продолжен викенд.

Најнови вести