сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јаулески: Владата на СДСМ не работи за младите, владата работи против младите

Јаулески: Владата на СДСМ не работи за младите, владата работи против младите

Зоран Заев и Радмила Шекеринска не се тушираат со студена вода во нивните луксузни купатила. Тие и нивните блиски уживаат на јахти и мотори, а за студентите е луксуз да добијат топла вода. Ветуваа студентски градови и подигнување на студентскиот стандард, а ги вратија студентите 15 години назад, истакна на денешната прес-конференција Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека студентите во студентските домови повеќе од две недели се оставени без топла вода и парно греење. Власта не работи за младите, власта работи против младите.

-Студентите во студентските домови не можат да ги остварат основните потреби. Тие со недели немаа ниту топла вода, ниту греење, а температурите се се пониски. Студентите живеат во субстандардни услови. Иако  редовно ги плаќаат обврските кон државата, обврските за домување, добиваат ризик по нивното здравје. Исто и храната во студентските домови не ги задоволува санитарите  и калориските стандарди. Во неа редовно можат да се најдат бубачки, отпушоци и игли! Вака се хранат идните академски граѓани кои треба одново да ја градат државата која што СДСМ ја уништува, вели Јаулески.

Тој додава дека ваквата состојба во студентските домови е резултат на негрижата и неспособноста на актуелната власт на СДСМ.

-Реализацијата на капитални инвестиции изнесува очајни  27  проценти нема нови проекти за младите, стопирана е реконструкцијата на студентските домови. Нема ништо ниту од ветувањата за изградба на студентските градови. Ветувањето за младинска гаранција исто така остана уште една шарена лага на власта, а СДСМ дополнително скрати милиони евра со ребалансот на буџетот наменети за изградба на основни и средни училишта, превод на книги од светски реномирани автори и други проекти во интерес на младите. ВМРО-ДПМНЕ знае што им треба на младите, а во новата програма на партијата тие ќе биде врвен приоритет. На Македонија и требаат младите кои одново ќе треба да ја изградат државата од пустошот кој го оставија Заев и СДСМ, нагласи Јаулески.

Најнови вести