Додека Зоран Заев се расфрлаа со пари и го реновира своето партиско седиште, младите мака мачат со својата егзистенција. Младите не му веруваат на Зоран Заев. Македонија има највисока стапка на младинска невработеност во Европа. Младите во Македонија, оние кои некако ќе успеат да најдат работа, се соочуваат со рекордни ниски плати и скоро никакви можности за напредок во кариерата, изјави претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески кој додаде:
„Зоран Заев ветуваше дека младите веднаш по завршувањето на образованието ќе можат да бираат дали ќе сакаат да се вработат, да посетат дообука или да се дообразувааат дополнително.Тоа го нарекоа младинска гаранција, од истата не видовме ништо. Зоран Заев е човекот кој ги изманипулира и искористи младите во изборни цели, за сега откако е власт целосно да заборави на ветувањата кон младите. СДСМ ги изневери младите. Младите повеќе не им веруваат на СДСМ и на Зоран Заев.“