Комисијата за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите, како заедничко работно тело на Стопанската комора, Владата и Хелветас Швајцарска интеркооперација со Подружница во Скопје, распиша јавен повик за финансиска поддршка на процесите за дигитализација во компаниите. Повеќе информации за повикот може да се најдат на линкот https://www.mchamber.mk/
Јавниот повик, како што информираат од Стопанската комора, трае до 28 февруари 2023 година, а поднесувањето на апликациите е во две фази. Првата фаза започнува денеска и завршува на 31 декември годинава, а втората фаза започнува на 1 јануари 2023 година, а завршува на 28 февруари 2023 година.
Со овој јавен повик се обезбедува финансиска поддршка до 50 отсто од подобните трошоци за финансирање на инвестицијата во примената на деловниот софтвер SAP, а максималниот износ за поединечен корисник, компанија е до 18.400.000 денари.
Со финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП во македонските компании, градејќи концепт на „Интелигентно претпријатие” (Intelligent Enterprise), решенија кои ги следат најновите трендови на компаниите од сите дејности и се светилник во ерата на дигиталната трансформација, трите партнери ќе дадат свој активен придонес и силно ќе влијаат на продуктивноста, на зголемување на ефикасноста, на вработувањата и ефективноста во бизнисот.
-Со издвојување на сопствени средства за финансиска поддршка во имплементирањето на современите дигитални решенија – САП, Стопанската комора повторно ја верификува својата основна цел, целосно да се ориентира спрема компаниите, помагајќи им во зголемувањето на нивната конкурентност, велат од комората