петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јавна расправа по повод Меѓународниот ден за акција за женското здравје

Јавна расправа по повод Меѓународниот ден за акција за женското здравје

По повод 28 мај – Меѓународниот ден за акција за женското здравје, Клубот на пратенички на Собранието во соработка со Здружението за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ ќе одржи јавна расправа на тема: „Кон промени на законската регулатива за поголема поддршка на пациенти кои се соочуваат со неплодност“.

Предвидени се обраќања на министерот за здавство Беким Сали, претседателките на Клубот на пратенички Лолита Ристова, на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите Гордана Сиљановска-Давкова и на Здружение за хумана репродукција и биопотпомогнато оплодување – До бебе по патот на ИВФ, Скопје Зоја Самандова-Петрушева и претседателот на Комисијата за здравство Арбен Зибери.

Најавени се излагања на Магдалена Филиповска-Грашковска од Фондот за здравствено осигурување, д-р Валентина Сотировска – ембриолог, Државна комисија за биомедицински потпомогнато оплодување во Министерството за здравство, д-р Младен Ристовски, ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ – Чаир, д-р Зоранчо Петановски, ИВФ специјалист и акушер, д-р Татјана Гуржанова, инвитро специјалист и проф.д-р Дијана Плашеска-Каранфилска, Истражувачки центар за генетика при МАНУ.

Покрај членките на Клубот на пратенички, на јавната расправа поканети и се членовите на Комисијата за здравство, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, пратеници, стручни лица од областа на инвитро, специјалисти за неплодност, ембриолози, ендокринолози, трансфузиолози, уролози, психолози, нутриционисти, гинеколози, акушери, биолози, генетичари, министeрката за труд и социјална политика, народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, ЗЕЛС, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, ИОМ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.

Најнови вести