среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јавниот обвинител Абази ќе побара повлекување на предлогот за член во Управниот одбор

Јавниот обвинител Абази ќе побара повлекување на предлогот за член во Управниот одбор

Јавниот обвинител Ислам Абази се заблагодарува на довербата што Советот на јавните обвинители му ја укажа, назначувајќи го за член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Абази ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор.

-Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката, истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.​

Најнови вести