вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јавноста ќе дознае што кријат телефоните на креаторите на „Јавна соба“

Јавноста ќе дознае што кријат телефоните на креаторите на „Јавна соба“

За два дена ќе биде познато што открила истрагата во врска со случајот „Јавна соба“, групата на „Телеграм“ во која членовите споделуваа порнографски материјали од девојки, а која беше избришана откако за неа се дозна во јавноста.

Ова за Мета го потврдила заменичката министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, која истакнала дека засега нема нови пријави од девојки кои биле злоупотребени во групата.

-Двата телефона, оној на администраторот и оној на креаторот на групата се вештачат и многу скоро се очекуваат наодите од истрагата. Нови пријави од девојки засега нема, вели Петровска.

Групата „Јавна соба“, каде се споделуваа порнографски и еротски фотографии и видеа од девојки, меѓу кои и малолетни е избришана. Во неа имало 7.400 членови, главно мажи, меѓу кои и јавни личности, поранешни и сегашни функционери и новинари. Пред да биде избришана, во самата група можеа да се прочитаат предлози во кои други групи и на кои апликации да се зачленат заинтересираните.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

Најнови вести