Според СЗО, овој Светски ден на здравјето, поминува во знакот на активности за отстранување на здравствените нееднаквости, како дел од едногодишната глобална кампања за зближување на луѓето за изградба на поправеден, поздрав свет. Потребни се активности за намалување на неможноста за пристап до здравствените услуги. Ковид-19 пандемијата покажа дека достапноста на здравствените услуги треба да биде приоритет на сите влади во светот, велат од Комисија за здравство на ВМРО – ДПМНЕ.
-За нашиот здравствен систем приоритет треба да биде комплементарноста помеѓу јавното и приватното здравство. Само интегрирани и комплеметарни на сите нивоа на здравствениот систем, можеме да се спротивставиме на последиците од пандемијата. Честит Ден на здравјето, 7ми април.