петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јорданов: Јавноста многу скоро ќе ги дознае зделките на Николови во Штип, како и назначувањето на др. Николов за кандидат за градоначалник

Јорданов: Јавноста многу скоро ќе ги дознае зделките на Николови во Штип, како и назначувањето на др. Николов за кандидат за градоначалник

Во вчерашната дебатна емисија на ТВ Стар гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов кој зборуваше за предвремените локални избори во Штип, на кои ВМРО-ДПМНЕ нема да понуди свој кандидат, односно нема да учествува поради Ковид пандемијата, а од друга страна, СДСМ веќе го промовираше др. Сашко Николов како кандидат за градоначалник.

Јорданов вели дека во Штип се може брзо да се дознае, бидејќи вистината најчесто брзо испливува на површината. Според него, така ќе се дознае и за корелацијата на Мите Николов и др. Сашко Николов, како и нивниот договор во однос на кандидатурата за градоналачник.

Од друга страна, Јорданов посочи дека во Штип во моментот има над 2500 луѓе кои што се во изолација, а речиси 500 се дијагностицирани како ковид позитивни. Тоа уште еднаш укажува на фактот дека не само што нема услови за одржување на било какви избори во Штип, туку дека е нечовечки да се мисли на политика во време кога Штип секојдневно се соочува со застрашувачки цифри во однос на заболените од Ковид-19.

Најнови вести