Фактот што денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева влезе на распит за истрагата за „Рекет“, заедно со адвокат, го проблематизираат голем број на адвокати, кои повикувајќи се на својата пракса, велат дека досега не им било дозволено на сведоците да бидат испрашувани во присуство на бранител. Ова го вели адвокатката Сузана Јошевска спорд која проблемот е што адвокатот го брани Цветан Панделевски е осомничен во случајот на СЈО „Империја“.
-Прво, проблематично е што е воопшто со адвокат, ама тоа е помалиот проблем. Поголемиот проблем е што е со адвокат кој е бранител на еден од обвинетите во предмет кој таа го гони. Согласно законската дефиниција, под судир на интереси се подразбира состојба во која службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз непристрасното вршење на неговите јавни овластувања или службени должности. Зошто ова ни се случува?!, вели адвокатката Јошевска за Фокус.