Овој закон кој го носи мнозинството со европско знаменце, а нема ништо европско во него и е во спротивност на темелната вредност на владеењето на правото предвидено според Устав, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев на денешната собраниска седница каде се дискутира за измените за Законот за работни односни, потенцирајќи дека криминалот не е европска вредност како што сакаат Артан Груби и Ковачевски да прикажат.
Јованчев истакна дека според Законот за работни односи полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно и тоа го потврди и Уставниот суд и минатата година кога укина еден ваков обид да се злоупотребат работниците.
Осум часовно работно време е една од најстарите придобивки на работничките и синдикалните движења. Ова е придобивка уште од 1886 година каде се работниците се избориле за 8 часовен работен ден, 8 часа одмор и 8 часа рекреација. Мајсторот за криминал Артан Груби и неговиот чирак за криминал Димитар Ковачевски сакаат по брза постапка без дебата да донесат низа закони во спротивност со голем број правни начела и уставни одредби. Не може да биде европска вредност 60 до 72 часа работна недела, која е и спротивна на Уставот, потенцираше тој.
Јованчев посоли дека и синдикатите предупредуваат дека 72 часа работно време не смее да се дозволи во Македонија и ги повикуваат пратениците да не ги прават работниците робови, дека тоа е опасно по безбедноста и здравјето на работниците, и дека функционерите не се избрани за да создаваат нечовечки услови за работа и да се удоволува на поединци.
Амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир порача дека европското знаменце треба да се употребува само кога треба да се носат закони за европските норми и стандарди, а не при носење на вакви закони. Груби и Ковачевски го злоупотребуваат европското знаменце за да крадат. Не е европска вредност да биде експресна дозвола за експлоатација на минерални суровини без строго почитување на постапката за заштита на животна средина, археолошки локалитети, природни богатства. Не може европска вредност да биде законски паралелизам. Вакво носење на закони е насилие и криминал, изјави Јованчев.