Сите работи за кои што се залагавме за време на протестите како да се заборавија одеднаш откако се дојде на власт. Тоа е најголемата грешка на сегашната власт, односно на Заев. Тој не се посвети на решавање на проблемите кои што ги истакнувавме со години наназад, истакна Бранимир Јовановиќ за „Вин вин“.
Јовановиќ додаде дека Заев откако е на власт ниту еднаш не обрна внимание на домашните проблеми, и заборави се што има ветено пред учесниците на Шарена Револуција.
„Тоа е најголемиот проблем со оваа Влада. И поради тоа денес има големо незадоволство. Оваа власт ништо не стори корисно за државата, пример за тоа е и образовната реформа. Според мене таа реформа не е многу лоша, но не може да помине за тоа што луѓето веќе не им веруваат во ништо. Кога ќе видат било каква реформа и предлог за промена луѓето го плукаат и велат нема шанси тоа да го направите вие само глупости правите“, појасни Јовановиќ.
Јовановиќ посочи дека власта ја пропушти шансата да направи нешто култно и суштинско, и поради тоа тој е револтиран. А, наредните избори СДСМ ќе ги изгуби и ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.