петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Јовановски: Декларативно се приоретизира заштитата на животната средина, а институциите немаат капацитети да ги решат проблемите

Јовановски: Декларативно се приоретизира заштитата на животната средина, а институциите немаат капацитети да ги решат проблемите

Антонио Јовановски граѓански активист од Здружението на граѓаните „Биди зелен“ во вечерашната 24 Анализа на 24 Телевизија истакна дека декларативно се приоретизира заштитата на животната средина, а институциите немаат капацитети да ги решаваат проблемите кои се поврзани со отпадот и со животната средина.

-Имаме ситуација каде само декларативно се приоретизира заштитата на животната средина, а инситуциите немаат капацитети даги решаваат проблемите кои се поврзани со отпадот и со животната средина, вели Јовановски.

Тој појасни дека со години министерството за животна средина има најмал буџет и најмали капацитети, се приоретизира декларативно, се носат закони, но имплементацијата недостасува.

-Законот за индустриски емисии кој со години сакаме да се донесе кој ќе контролира штетни емисии на индустријата, но сомнежот е дека иако се донесе нема да има имплементација, деприоретизирање на министерството за животна средина во однос на финансиски средства и капацитети, а му се дава огромен товар, а не е единствено министерство кое е засегнато.

Тој ги посочи министерството за економија, како одговорно за енергетика, министерството за транспорт, министерството за внатрешни работи кои имаат голема одговорност кога станува збор за животната средина.

-Државен комунален инспекторат на ниво на цела Македонија има вработено само еден човек кој се очекува да справи со сите комунални ситуации поврзани со отпад и да ги надгледува локалните комунални инспектори, тоа не е можно објасни Јовановски.

Најнови вести